Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се бори во регионот на Донбас и дека „нема намера да се предаде“.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Зеленски ја отфрли идејата да и се дозволи на Москва да го преземе Донбас и дел од источна Украина за да го запре конфликтот.
„Украина и нејзиниот народ се јасни. Ние немаме право на туѓи територии, но нема да се откажеме од нашите“, рече Зеленски.