Демократски сојуз: Стратегијата за ЕУ е во колапс

Од:

Демократскиот сојуз смета дека стратегијата на Македонија за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската унија е во колапс и истата треба да се редефинира.

– Неразбирливo е тоа што министерот за надворешни работи пред некој ден објави дека имаме предлог договор доставен до Бугарија и чекаме на нивна согласност, па покасно откако Бугарија изјави дека нема таков договор (или го отфрлиле), тоа било предлогот на Португалија, па Германија соопшти дека во 2020 година сме ја чекале Албанија за заедно да ги почнеме преговорите (сега Албанија сака да оди пред нас), па отворање на Културен центар на Бугарите, “Ибан Михајлов” во Битола, изјавата на потпретседателката Јотова, дека досега од Македонија никој на барал признавање на Македонците во Бугарија, дополнително и изјавата на бугарскиот кодош, поранешен министер за одбрана :”Огин да ја гори Македонија без Бугари” итн.., се факти кои сугерираат темелно преиспитување на Стратегијата на Македонија за полноправно членство во ЕУ (ако воопшто ја имаме), која е очигледно погрешна, како и тајните разговори кои се водат со Бугарија за деблокада на овие процеси велат од партијата.

Предлагаат министерот за надворешни работи Бујар Османи, да го инфирмира Парламентот за сите аспекти на нашите евроинтегративни процеси, како и за разговорите со Бугарија.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх

Трајанов го поднесе законот за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но со гласање на дијаспората