Ковачевски за „То вима“: Веднаш да почнат пристапните преговори со ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за грчки „То вима“ истакнува дека долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Премиерот Ковачевски вели дека многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, особено во контекст на војната во Украина.

Во интервјуто за „То вима“ по учеството на Делфи форумот во Грција, премиерот Ковачевски говори за повеќе теми меѓу кои ЕУ перспективата, војната во Украина, но и последиците за нашата земја.

Премиерот порачува дека „НАТО и ЕУ треба да го задржат својот кредибилитет за да го зајакнат регионот“, а политиката на отворени врати е историски успех кој обезбедува мир и безбедност на целиот европскиот континент.

„Оваа политика мора да продолжи за да се обезбеди интеграција на регионот, безбедност и стабилност на Западен Балкан. Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина. Треба да ги надминеме регионалните спорови. Ова денеска е прашање на безбедност, а не на економија. Проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста. Ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање“, вели премиерот Ковачевски.

Ковачевски нагласува дека руските активности и во земјата и во регионот се идентификувани и следени, објаснува дека и во и вон Собранието кај нас постојат партии „кои отворено ја изразија својата поддршка за Русија, а во исто време, во сајбер-просторот има значително присуство на организирани групи кои го поддржуваат рускиот напад и релативизирање на конфликтот што не треба да се потцени“.

„Овие напори имаат за цел да создадат дилема во однос на стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот, да ја нарушат довербата на граѓаните во овие стратешки одлуки на нашата земја. Доколку ЕУ покаже отсуство и слабост на Западен Балкан, трети страни ќе имаат повеќе можности да ја пополнат празнината, која е од особено геостратешко значење“, вели Ковачевски и појаснува дека Северна Македонија веќе 17 години е земја кандидат и се уште немаме започнато преговори, што се должи на предизвици што ја спречија нашата европска интеграција.

Премиерот Ковачевски додаде дека за Северна Македонија, нема алтернатива за членството во ЕУ.

„За нас тоа е прифаќање на највисоките западни демократски вредности и заложби за исполнување на европските стандарди во општеството и институциите. Пречката за почеток на преговорите на Албанија и Северна Македонија се чувствува во целиот регион како удар за Унијата. Недостигот на одобрување на преговарачка рамка губи драгоцено време. Важно е, особено во контекст на војната во Украина, процесот да започне без ден одлагање. Потребно е Северна Македонија да има кристална европска перспектива, да има предвидлив, сигурен, силен и забрзан интегративен процес“, истакнува премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ