Секојдневното конзумирање какао во нова студија спроведена со учество на лица од постара животна возраст, е поврзано со подобри резултати на тестирањето на помнењето.
Во истражувањето спроведено на Харвард учествувале 60 испитаници без симптоми на деменција, а се покажало дека секојдневното внесување на две лажички какао е можно со подобрување на протокот на крвта кон мозокот.
Овие подобрувања довеле и до подобри резултати на тестирањето на помнењето на крајот на студијата, пишува стручното списание „Невролоџи“.
Испитаниците биле со просечна возраст од 73 години, а квалитетот на протокот на крвта им е мерен со помош на ултразвук.
Некои претходни истражувања веќе укажаа на позитивното влијание на какото во врска со здравјето на крвниот систем.
Се претпоставува дека причина за тоа делување се флаванолите, антиоксидансите присутни во какото.