Пронајдено оружје во два објекта во Скопје, приведено едно лице

Од:

Приведен е 70-годишне скопјанец откако при претреси од полицијата со наредба од Основен кривичен суд, на две локации кои ги користел пронајдени и одземени се оружје и муниција, и тоа: 1 карабин “Црвена застава”, калибар 8х57, 1 пиштол “Чешка зброевка” кал.7,65, 1 пиштол ‘Смит Весон’, кал.38 специјал, 20 куршуми кал.8х57, 36 куршуми кал.7,62 за карабин, 23 куршуми кал.38 специјал, 17 куршуми кал.7,65, куршум кал.7,62 за пиштол “ТТ-ЕЦ”, куршум кал.7,62 за автоматска пушка, каписла, лисици, палка на расклопување.

Притоа тој се сомничи дека сторил кривично дело по член 144 ст. 3 од Кривичниот законик, односно на 13.04.2022 упатил сериозни закани кон едно лице.

При претресот се обезбедени и други докази, а лицето со кривичната пријава против него е предадено на ОЈО Скопје, додека од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника