Портпаролот на украинското Министерство за одбрана Олександр Мотузјаник изјави дека руските сили се уште не го освоиле целосно Мариупол.
„Ситуацијата во Мариупол е исклучително тешка. Се водат жестоки битки. Руската армија постојано повикува новi засилувањa за да го освои градот“, рече Мотузјаник.
Ако Русите успеат да го освојат Мариупол, што се чини сè поверојатно, тоа ќе биде првиот поголем украински град што ќе падне во руски раце.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека ја окупирале фабриката за челик Илич, но тоа се уште не е потврдено. Останатите бранители на Мариупол, украинските маринци и Азовскиот полк, се верува дека се во Азовстал, уште една огромна фабрика за челик.
Двете челичарници се во сопственост на Метинвест, компанијата на најбогатиот украински бизнисмен. Метинвест вчера преку Ројтерс соопшти дека нема да дозволи погоните да работат под руска окупација.