Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечер ќе биде отворена изложбата „Симфонија на боја“ на сликарката Станче Ракиќ од Ниш.
Сликарство на Ракиќ е проткаено со архаичен израз и богатство на сликарска гама, валериски тонови, топли нијанси од среден валериски клуч.
Низ сон и фантазија, суптилност и со извонредно чувство на личниот сензибилитет, Станче го бара своето место низ светот на сликарството отсликувајќи го својот лирски темперамент.
Ракиќ е родена 1957 во Скопје, каде живеела до 1982 година, сега живее и твори во Ниш. Има реализирано повеќе самостојни изложби во Ниш, Белград, Бачка Паланка, Унгарија, Македонија.