Американски амбасадор во БиХ: Поединци се виновни за геноцидот во Сребреница, а не етнички групи

Од:

Амбасадорот на САД во БиХ Мајкл Марфи изјави дека за геноцидот во Сребреница се виновни поединци, а не етнички групи, нагласувајќи дека е важно политичките лидери и институциите да имаат трајна обврска да ги решаваат и сите други воени злосторства направени за време на војната во БиХ.

– Признајте ги и прифатете ги фактите, научете ги помладите генерации на вистината, почитувајте ги жртвите, неуморно работете на пронаоѓање, ексхумирање и идентификација на исчезнатите лица и активно истражувајте ги и гонете ги осомничените кои сè уште се на слобода, рече Марфи за време на посетата на Меморијалниот центар во Сребреница.

Според него, тоа е „единствениот пат кон иднината што ќе ги помири луѓето во БиХ, пат кој ги лекувараните на оваа земја и кој гарантира праведен и траен мир меѓу потомците на оние кои настрадаа и ги загубија животите од 1992 до 1995 година“.

Марфи истакна дека Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и Меѓународниот суд на правдата ги утврдиле фактите за Сребреница, а истовремено се уште се во тек напорите на најистакнатите политички актери во Република Српска да го негираат она што се случи во Сребреница.

– Во јули 1995 година, групи во рамки на Војската на РС, под команда на Ратко Младиќ и политичкото раководство на Радован Караџиќ, извршија геноцид. Ратко Младиќ и Радован Караџиќ се воени злосторници, а не херои. Тие се виновни за геноцид. Никакво, мурал или споменик не можат тоа да го сменат. Нивната вина и срам се вечни, изјави американскиот амбасадор во БиХ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“