Директорот на ЦИА предупреди дека руската нуклеарна закана не треба да се сфаќа „несериозно“

Од:

Соединетите Американски Држави не ја занемаруваат можноста Русија да се обиде да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина, бидејќи Москва продолжува да се соочува со тешкотии на бојното поле, изјави денеска директорот на ЦИА, Вилијам Бернс.

– Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот (Владимир) Путин и руското раководство, со оглед на неуспесите со кои досега се соочуваа на воен план, никој од нас не може несериозно да ја сфати заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко нуклеарно оружје или нуклеарно оружје со ниска издашност“, изјави тој при обраќањето на Институтот за технологија во Џорџија, пренесува Си-Ен-Ен.

ЦИА „го набљудува тоа многу внимателно“, рече Барнс. Но, тој нагласи дека САД допрва треба да видат знаци дека Русија се подготвува да преземе таков чекор.

– Иако видовме некои реторички ставови од страна на Кремљ за преминување кон повисоки нивоа на нуклеарна тревога, досега не видовме многу практични докази за распоредувања или воени диспозиции што би ја засилиле таа загриженост – но ние го следиме тоа многу внимателно, рече Барнс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов