Николоски: Оставка на Спасовски после сите скандали во изминатиот период во МВР е најмалиот чин кој што треба да се случи

Од:

При денешната посета на општина Василево, во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се побара одговорност од министерот Оливер Спасовски за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот истакна дека во оваа влада моралниот чин и одговорноста недостасуваат, а после сите скандали изминатиот период во МВР оставката на Спасовски е најмалиот морален чин кој што треба да се случи.

„Па мислам малку да имаше одговорност кај него веќе ќе си имаше поднесено оставка, но за жал во оваа влада моралниот чин е нешто што недостасува, одговорност е нешто што недостасува, ова не е прв скандал во министерството за внатрешни работи, да потсетам за издадени 215 пасоши на практично нема член од било која светска мафија која што нема добиено македонски фалсификуван пасош, да не зборуваме за дрогата која што беше фатена и во која што директно беа вклучени полициски началници, да не зборуваме за секојдневната корупција која што се случува во македонската полиција, така што оставка е најмалиот морален чин кој што може да се случи после се ова што се случува во министерството за внатрешни работи“, нагласи Николоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ