(ВИДЕО) Каевски: Дали поврзаноста меѓу Мицкоски и компанијата на Груевски е причина за молкот за црната листа на САД?

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со денови молчат. Никако не се изјаснуваат за тоа што нивниот почесен претседател и вистински шеф, и криминалец во бегство, Никола Груевски се најде на Црната листа на САД. Особено што Мицкоски му бил советник на Никола Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Никако да се извинат, никако да побараат одговорност, никако да понудат оставки. Покрај вмешаноста во значителна корупција и криминал, новина е наведената фирма на Никола Груевски регистрирана во Република Унгарија.

Дали токму оваа фирма на Груевски е причината за молкот на Мицкоски? Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за оваа фирма?

Мицкоски треба да излезе во јавноста и да каже која е поврзаноста со фирмата за која медиуми објавија дека седиштето и се наоѓа во мало населено место во близина на Будимпешта? Дали и самиот тој стравува дека може да се најде на Црната листа на САД, па затоа со молчење се обидува да го одбрани својот шеф?

Мицкоски мора да излезе пред граѓаните и да даде одговор на овие прашања. Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се уште е истата криминална и режимска партија која 11 години државата ја држеше во заложништво.

Титаник, Талир, Тврдина, Тенк…. криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со сведоштва, со бројни судски пресуди и предмети како и извештаи од релевантни меѓународни организации“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски