Нехамер: Путин ме увери дека снабдувањето на Австрија со руски гас е безбедно

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на австрискиот канцелар Карл Нехамер при средбата оваа недела дека снабдувањето со гас на Австрија од Русија е сигурно и дека државата и натаму може да плаќа во евра, пренесува агенцијата АПА.

„Путин рече дека снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ја испорача количината утврдена со договорот и дека исплатата може да остане во евра“, рече Нехамер во интервјуто за националната новинска агенција АПА.

Нехамер во понеделникот се сретна со Путин во близина на Москва и досега не зборуваше јавно за безбедноста на снабдувањето со гас на Австрија.

Австрија добива 80 отсто од природниот гас од Русија и се противи на тоа Европската унија веднаш да и воведе ембарго за гас, тврдејќи дека тоа сега не е можно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа