Во Австрија денеска е најтоплиот ден во историјата на земјата откако во местото Нојзидел ам Зе во Бургенланд измерени се 40,6 степени Целзиусови. Тоа е највисока температура откако се врши мерење.
Досегашниот рекорд беше во Делах им Драутал во Корушка, кога на 3 август беа измерени 39,9 степени.
Откако се мери температурата на воздухот првпат во Австрија живата во термометарот се искачи над 40 степени.
Покрај Нојзидел ам Зе, рекордни 40,5 степени се регистрирани и во Бад Дојч Алтенбург.
Мерењето во Нојзидел ам Зе треба утре да биде потврдено и официјализирано, додека во Бад Дојч Алтенбург е потврдено.