Тајландската полиција денеска уапси четри мажи во Бангкок поради поседување на повеќе од 230 килограми хероин.
Меѓу уапсените еден е државјанин на Тајланд, двајца се Кинези и еден е од Тајван. Приведените се во притвор и се обвинети за поседување на наркотици.
Тајландската полиција не наведе колку чини запленетиот хероин.
Тајланските власти во јуни спалија 125 килограми хероин.