Во Бугарија протести на вработените во компании за изградба и одржување на патишта

Од:

Вработените во компаниите за изградба на патишта во Бугарија денеска протестираат со барање да им се исплатат парите заостанатите пари. Тие тврдат дека една година се без работа и без средства, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека околу 300 милиони евра може да се доделат во рок од неколку дена доколку Народното собрание изгласа закон.

Протестот почна пред Народното собрание на Бугарија, продолжи кон Министерството за финансии и пред зградата на Владата.

На протестот во Софија учествуваат повеќе од 86 компании за изградба и одржување на патишта. Протести има и на други градови во Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?