(ВИДЕО) Кузеска: Судскиот совет е надлежен и прави проверка на работата, веќе се разрешени дваесетина судии

Од:

„Довербата на јавноста во правосудството е на многу ниско ниво и граѓаните со право и реагираат, но факт е дека СДСМ и парламентарното мнозинство прават и преземаат сериозни чекори во оваа насока. Ќе кажам дека партијата на господинот Зијадин Села доцни, а еве и зошто: Законски измени веќе има и тие законски и тој процес веќе тече во правосудството, судскиот совет е тој којшто е надлежен за разрешување на судии, откако секако судскиот совет ќе утврди кои судии работеле незаконски, кои судии работеле неетички, несовесно или нестручно“, одговори Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на новинарско прашање.

„Според новата методологија којашто е направена веќе имаме разрешени околу дваесетина судии, само во овој месец се разрешени 5 од нив. Другиот механизам којшто стои на располагање односно другото тело коешто може да направи секако добра опсервација на работата на судиите тоа е ДКСК којашто има механизми и има можност да ја провери имотната состојба на судиите и на обвинителите. Исто така ќе спомнам дека постојат и механизми којшто по случаен избор 5 отсто од застарените предмети којшто се од висок профил може да им се направи ревизија и да се утврди причината зошто тие предмети толку долго стоеле во фиока и зошто всушност станале и застарени“, додаде Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски