„Катимерини“: Жителите на Атина сè повеќе го користат јавниот превоз

Од:

Се чини дека Атињаните постепено се „ослободуваат“ од своите возила, не поради зајакнувањето на еколошката свест, туку поради неподносливата цена на горивата, пишува весникот „Катимерини“, објавувајќи податоци дека жителите на грчката метропола сè повеќе го користат јавниот превоз, јави дописничката на МИА од Атина.

Бројот на патници во јавниот превоз, според весникот, веќе ги достигнува нивоата од 2019 година, односно периодот пред пандемијата, а зголемувањето особено е изразено кај градските автобуси и достигнува седум отсто споредено со три години претходно.

Во првиот квартал од годината, како што пишува „Катимерини“, валидацијата на билетите е зголемена за 39 отсто во сите превозни средства, а во просек зголемувањето е за 44 проценти во однос на истиот период од 2021 година.

Бројот на граѓани што избираат да користат автобуси, тролејбуси, метро или трамвај, од јануари годинава постепено се зголемувал, заклучно со минатиот месец, според официјалните податоци од Организацијата за јавен транспорт од Атина, што ги пренесува весникот.

Само во месец март, има за 124,5 отсто зголемување на валидацијата на билетите, во споредба со истиот период лани, иако првите месеци од 2021 година, Грција беше во карантин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната