СДСМ: Мицкоски стравува дека после Груевски тој е следен на црната листа на САД?

Од:

„Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски. Причината за овој потег сите ја знаеме и слушнавме и во бомбите, а тоа е вмешаноста на Груевски во бројни случаи на корупција и криминал“, соопшти СДСМ.

„На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков. Дали тишината, молкот на Мицкоски можеби значи дека тој стравува дека по Груевски тој е следен на црната листа на САД, како еден од соработниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ?

Овие сомневања дополнително ги поткрепува фактот што голем број на блиски соработници на Груевски во 11 годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски.

До денеска Мицкоски се нема оградено за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Не слушнавме осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните. Христијан Мицкоски наместо повик за одговорност, останува на браникот на криминалот.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска и криминална партија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски