Франција досега на своја територија запленила руски имот во вредност од 23,7 милијарди евра, вклучувајќи недвижен имот вреден 573,6 милиони евра, пренесува Бета.
Информациите од извори блиски до француското Министерство за економија и финансии укажуват дека ажурираниот список вклучува 22,8 милијарди евра на Централната банка на Русија блокирани на француските сметки. На тоа се додаваат 178 милиони евра од различни банкарски сметки.
Француските власти уште заплениле четири руски товарни бродови и четири јахти во вкупна вредност од 125,2 милиони евра, шест хеликоптери во вредност од над 60 милиони евра, како и уметнички дела вредни седум милиони евра.
Истовремено запленети се и 33 имоти, а наскоро на списокот треба ќе се додадат уште десетина имоти во вредност од неверојатни 24 милијарди евра.
Извор: МИА