Во Ѓаково беше погребан хрватскиот ракометар Денис Тот, а на погребот присуствуваа колони луѓе до недоглед. Негови роднини, пријатели, колеги и познаници.
Така на последното збогување се собраа голем број познати личности од светот на спортот. Од Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Иво Смоја до Мирослав Бојко и многу други.
Хрватскиот ракометар почина откако беше претепан пред скопскиот ноќен клуб „Привилиџ“. Двајца од неговите напаѓачи се во притвор, додека за третиот е распишана меѓународна потерница.