На денешната седница Владата ги усвои новите ковид-мерки со кои, меѓу другото, се укинува задолжителното носење маски во затворен простор, а усвоена е и одлуката со која средношколците нема да мора да носат заштитни маски во училиште.
Според најновите владини одлуки:
– се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби;
– учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски;
– се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и
– се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.