Индија го обвини Пакистан за убиството на петмината војници во Кашмир

Од:

Индиската Влада го обвини денеска соседен Пакистан за „директна одговорност“ при убиството на петмина војници на Индија, во реонот на спорната област Кашмир.

Индискиот министер за одбрана А.К. Антони изјави во индискиот Парламент дека заседата во која се најдоа војниците ја направиле „терористи, заедно со лица во униформи на пакистанската армија“.

– Знаеме дека ништо таму (во Кашмир) не може да се случи без поддршка и директна вмешаност на пакистанските власти, посочи индискиот министер Антони.

Индиската опозиција остро реагираше на изјавата на министерот за одбрана, обвинувајќи го дека е премногу благ кон Пакистан и дека настојува да им опрости на Пакистанците за она што го направија кон индиските војници.

Пакистан на неколку пати демантираше дека неговата војска има некава врска со нападот, но министерот Антони тврди дека Индија има сознанија за тоа дека „една специјална група на пакистанската армија е директно вмешана“ во заседата во која беа убиени петмината војници.

Сите петмина беа погребани со највисоки воени почести, на кои присуствуваа повеќе илјади луге.

Кашмир е 60 години повод за непријателства и воени судирања меѓу двете соседни земји. Непријателствата избувнаа во 1989 година, а во 2003 година беше постигнат договор за прекин на огнот по контролната линија меѓу армиите на двете земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати