Германската агенција ДПА јави дека рокот на употреба на повеќе од десет милиони дози вакцини ќе истече до крајот на јуни, а до крајот на третиот квартал оваа бројка ќе достигне 50 милиони.
Германија нарача 677 милиони дози вакцина за периодот 2021-2023 година, вклучително и повеќе од 375 милиони вакцини на БиоНТек /Фајзер.
Германското Министерство за здравство за весникот „Велт ам Зонтаг“соопшти дека заклучно со 4 април годинава во складиштето на владата се наоѓаат 77 милиони дози вакцина против Ковид-19.
Во кампањата за вакцинација, што во Германија почна на 27 декември 2020 година, првата доза ја примија 63,7 милиони лица, втората доза 63,3 милиони луѓе, а третата 49 милиони.
Извор: МИА