Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени кога автобус се преврте од мост во близина на Рио де Женеиро, соопшти пожарникарската служба.
Автобусот се превртел во градот Итагуај, на околу 60 километри западно од Рио, и паднал на железничката пруга која се наоѓала на 40 метри под мостот. Голем број од повредените се наоѓаат во тешка состојба.
Според засега непознати причини возачот на автобусот ја загубил контролата врз воланот и ја пробил заштитната ограда на мостот.