Саливен: Соединетите Држави се посветени на обезбедување на Украина со оружје за одбрана

Од:

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен денеска изјави дека САД се посветени на Украина да и го дадат оружјето што и е потребно за да се одбрани од Русија.

Тој за Си-Ен-Ен изјави дека очекува новоименуваниот руски генерал кој ја надгледува Украина, Александар Дворников, да „оркестрира злосторства и бруталност врз украинските цивили“. Тој посочи дека Кремљ е одговорен за напади врз цивили.

Саливан изјави за дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе испрати повеќе оружје во Украина со цел да ја спречи Русија да окупира повеќе територии и да нападне цивили, што Вашингтон го смета за воено злосторство.

„Ќе го набавиме оружјето што и е потребно на Украина за да им возврати на Русите за да ги спречиме да окупираат повеќе градови и места каде што би извршиле злосторства“, посочи Саливен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени во украинскиот Торек: Фронт во центарот на градот, Русите и Украинците се борат за секоја куќа

ВИДЕО: Украина почна ненадејна контраофанзива во Курск

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

Русите жесто ја нападнаа Украина: седуммина повредени, оштетени згради и болница

Катерина Ѓуровски

Русите влегоа во Петропавловка

Целосен колапс на украинската армија: Одбраната „пука“