Нехамер утре на средба во Москва со Путин

Од:

Австрискиот канцелар Карл Нехамер утре во Москва ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин, потврди Федералната канцеларија во Виена.

Tој ќе биде првиот европски лидер што ќе се сретне со Путин во Москва од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари.

„Тој ќе отпатува откако ги информира Берлин, Брисел и украинскиот претседател Володимир Зеленски за тоа“ за да го поттикне дијалогот, рече портпарол.

Австрискиот канцелар вчера ја посети Украина за да изрази поддршка за украинската влада и се сретна со претседателот Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа