Нетанјаху: Од изборот на Рохани инсталирани се 7.000 нуклеарни

Од:

Од изборот на новиот ирански претседател Хасан Рохани пред два месеца, Иран активира 7.000 нуклеарни центрифуги, најавувајќи со тоа дека тој е само новото лице на стариот режим, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Ова е четврти пат од минатиот петок Нетанјаху да го критикува Рохани, покажувајќи со тоа дека Иран останува и понатаму главна тема за израелскиот премиер и најголем безбедносен предизвик со кој се соочува Израел.

Нетанјаху, меѓу другото, во последните шест дена предупреди дека за Иранците треба да се суди според нивните акции, а не според зборовите, а дека тие дејствија не се смениле иако зборовите станале поблаги.

– Инсталацијата на новите центрифуги, вклучувајќи и 1.000 модернизирани модели за зајакнато збогатување на ураниум, е доказ дека Иран не го сменил правецот. Иранскиот претседател се обидува да му претстави ново лице на Западот, но напредокот на оваа земја во нуклеарната програма продолжува, истакна Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелскиот напад на Дамаск

Нов израелски напад врз Либан, се зголемува бројот на загинатите

Израел и Хезболах се на чекор од постигнување на договор за мир

Жан-Ноел Баро: Израел бара дозвола да го нападне Либан

Горан Наумовски

Хезболах објави дека извршил напади со беспилотни летала врз две воени цели во Израел

Осум лица загинаа во израелскиот напад на југот на Бејрут