Седум починати пациенти, 142 нови случаи на Ковид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.046 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје се регистрирани 79 нови случаи, во Битола – 26, во Прилеп и Охрид – по 7, во Кавадарци, Велес и Кичево – по 4, Куманово – 3, Гостивар и Кочани – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни 142, регистрирани се 28 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица, двајца од Скопје на 64 и 85 години и по едно починато лице од Прилеп на 73 години и Велес на 58 години. Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица, двајца од Скопје и едно од Тетово, на возраст од 78 години до 87 години. Пријавените лица се починати во период од 16 до 19 март годинава. Од пријавените лица, двајца починале во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.

Кај шест починати лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Битола – 10, Кавадарци и Охрид – по 4, Куманово и Гевгелија – по 3, Струмица – 2, Делчево – 1.

Направени се 2.046 тестови преку: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-26, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–107, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-43, Биотек-92, Систина-32, лабораторија Лаор-79, Синлаб-2, Ремедика-0, Плодност-21, Генеа-14, Никоб Лаб-192, ВФВ Медикал-32, Ели Медика Плус-14, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 941.

Досега во земјата се направени вкупно 1.983.540 тестирања на Ковид-19.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144550, Активни 712
Куманово 16598 , Активни32
Битола 15004, Активни 176
Прилеп 14073, Активни 76
Тетово 13434, Активни 15
Кавадарци 10574, Активни 67
Велес 9708, Активни 21
Гостивар 9552, Активни 13
Охрид 8799, Активни 58
Струмица 8025, Активни 17
Штип 7985, Активни 16
Кичево 5591, Активни 34
Кочани 5064, Активни 12
Струга 4704, Активни 7
Гевгелија 4390, Активни 23
Неготино 3666, Активни 6
Ресен 2705, Активни 20
Свети Николе 2621, Активни 6
Радовиш 2519, Активни 10
Крива Паланка 2412, Активни 4
Делчево 1967, Активни 19
Дебар 1673, Активни 4
Берово 1636, Активни 2
Валандово 1481, Активни 4
Виница 1385, Активни 6
Пробиштип 1266, Активни 3
Богданци 1019, Активни 2
Кратово 961, Активни 1
Крушево 928, Активни 6
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.796, бројот на оздравени пациенти е 297.164, на починати е 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски