Официјален Дамаск демантира дека бил нападнат конвојот возила со Асад

Од:

Сирискиот министер за информации Омран Заоби ги демантираше тврдењата на бунтовниците дека извршиле минофрлачки напад врз конвојот со возила во кој се наоѓал претседателот Башар ал Асад.

Бунтовниците претходно соопштија дека при нападот директно ја погодиле колоната со возила, но министерот Заоби ги опиша таквите тврдења како „соништа и илузии“.

Веста за нападот ја објавија пробунтовничката сателитска телевизиска станица Ал Арабија, која се финансира од Саудиска Арабија, а е стационирана во Дубаи, како и од британската агенција Ројтерс.

Државната телевизија на Сирија, меѓутоа, го прикажа денеска Асад како неповреден и сосема мирен се наоѓа на молитва во главната џамија во Дамаск по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Британската Би-Би-Си се сомнева во оригиналноста на снимката и тврди дека таа е од претходно подготвена.

Бунтовниците тврдат дека нападот на претседателската колона бил извршен во реонот на Малки, каде се наоѓа резиденцијата на Асад.

За напад врз актуелниот претседател, кого бунтовниците сакаат да го сменат од власт, зборува и претставник на милитантната, исламистичка бригада Лива ал Ислам. Овој претставник за западните медиуми изјавил дека конвојот со претседателот бил нападот додека тој се превезувал во џамијата во Дамаск.

Истите медиуми објаснуваат дека целиот реон каде што се наоѓа претседателската палата бил под строг безбедносен надзор и целосно блокиран уште пред објавувањето за извршен евентуален „напад“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија