Русија ја погоди железничка станица во Краматорск со балистичка ракета, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Нападот беше извршен вчера наутро во градот во Доњецката област, додека илјадници луѓе чекале да бидат евакуирани поради очекуваната воена акција во регионот. Во нападот загинаа најмалку 50 луѓе, меѓу кои пет деца.
– Сметаме дека се неуверливи тврдењата на Русија дека нема никаква врска со нападот. САД веруваат дека руските сили употребиле балистичка ракета со краток дострел за да нападнат, нагласи Кирби.
Извор: МИА