Во регионот на Одеса е воведен полициски час, кој почнува утре во 20 часот по локално време и ќе трае до пет часот наутро в понеделник, соопшти денеска Градскиот совет на Одеса.
Според наредбата на началникот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, во тој период ќе биде забрането луѓето да бидат на улиците и на други јавни места без посебно издадени пропусници и сертификати.
Одеса е град на брегот на Црното Море во јужниот дел на Украина.
Извор: МИА