Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го посети денеска украинскиот град Буча, во близина на Киев.
По руското повлекување, на улиците во Буча беа пронајдени тела на десетици цивили. Некои биле егзекутирани од зад грб, а рацете им беа врзани.
Русија ги отфрла наводите дека убила цивили и ја обвини Украина за фалсификување смртни случаи со цел да ги дискредитира руските сили. Но, постојат се повеќе докази дека военото злосторство во Буча го извршиле руските сили.
– Овде се случи нешто незамисливо. Го видовме суровото лице на војската на Путин, истакна Фон дер Лајен.
Извор: МИА