ВИДЕО: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ биле нападнати?

Од:

Во изјава само за Сител и Канал 5, советникот Илија Илијовски кажа дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ била спречена, како што вели со вербални напади од членови на СДСМ и ЛДП да учествуваат на вонредната седница пред хотелот Бристол.

– Затоа сакавме оваа кратка изјава да ја дадеме со цел да ги запознаеме граѓаните на општина Центар и македонската јавност дека всушност овде во позадина пред хотелот Бристол каде што е закажана т.н. вонредна седница, всушност не се одржува седница на Советот на општина Центар, туку се одржува политички настан на една коалиција која што во моментов е на власт во општината Центар и го прави тоа што го прави, односно е водена од лични партиски интереси и ги спроведува нивните лични партиски агенди кои што ги има за општината Центар, посочи Илијовски.

Тој рече дека ваквите седници се крајно нестатутарни, а пред се незаконско е нивното закажување од страна на претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ.

Нејасно зошто советничката група на ВМРО-ДПМНЕ тргнала на вонредна седница ако знаела дека е нестатутарна и незаконски закажана. Ниту еден од многуте медиуми, кои беа половина час пред закажаната седница кај паркот пред Бристол, не забележа дека некаде се појави советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ниту дека имало напад. Доколку биле нападнати, како што велат вербално и тоа не би требало да ги спречи да учествуваат, со оглед на нивниот став кога протестираше Веритас и кога тврдеа дека сето тоа е регуларно и дека граѓаните се тука да го кажат своето мислење. Советниците секако можеле да побараат и асистенција за да можат да присуствуваат, како што имаше и за сечата на дрвјата.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории