Земјотрес почувствуван во Ресен, Дебар и околината

Од:

Земјотрес од три степени според Рихтеровата скала синоќа бил почувствуван од населението во Ресен, Дебар и околината.

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека ноќта на 07.04.2022 година е регистриран земјотрес на 115 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Дебар.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 49 минути.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Русија – 5,8 степени по Рихтер

А1он

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес во Македонија

А1он

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Киргистан

А1он