Советникот Јован Тагасовски на вечерашната седница на општина Центар најави дека Детално урбанистичките планови за централното подрачје, а на кои се противи ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат донесени за брзо време.
-Ние советниците на Центар имаме на дневен ред 4 точки од Детално урабанистички планови кои се проблематични, се обидовме да ги решиме, бевме спречени од група граѓани, бевме малтретирани и понижувани, бевме мавани со јајца.
Но порачувам, ќе продолжиме со седницата и ќе одиме до крај, правдата е на наша страна, рече советникот Јован Тагасовски на вонредната седница во паркот кај Бристол.