Сите 27 членки на Европската унија одобрија забрана за увоз на руски јаглен, дрва и вотка, пренесува DPA.
Европската комисија во вторникот предложи нови санкции, а сите членки на ЕУ денеска го одобрија предлогот. Високи претставници на ЕУ рекоа дека ако Русија продолжи да ја напаѓа Украина, може да следи целосна забрана за увоз на сите фосилни горива од Русија.
За да стапат на сила новите санкции, тие мора да бидат објавени во официјалниот весник на ЕУ. Ова е формалност која најверојатно ќе биде завршена утре.