Блинкен на разговори со Чавушоглу на 18 мај

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека неговиот американски колега Ентони Блинкен го поканил на разговори на 18 мај, на кои двете членки на НАТО за првпат по три години ќе се обидат да ги подобрат односите.

Анкара и Вашингтон имаа неколку несогласувања, вклучително и околу купувањето на рускиот одбранбен систем С-400 од страна на Турција, што предизвика американски санкции и отстранување на Анкара од аранжманот за борбени авиони Ф-35.

Анкара потоа ги оцени овие потези на САД како нефер, објаснувајќи дека не може да набавува ракетна одбрана од сојузниците на НАТО под задоволителни услови.

Сепак, владите на двете земји почнаа заедничка иницијатива оваа недела за решавање на проблемот и зајакнување на соработката, вклучувајќи го и барањето на Турција да купи 40 Ф-16 и речиси 80 комплети опрема за модернизација на нејзината постоечка флота.

Говорејќи во Брисел по состанокот на земјите-членки на НАТО, Чавушоглу рече дека разговорите за Ф-16 добро напредуваат и ја поздрави оценката на американската администрација дека аранжманот ќе им служи на интересите на САД и НАТО.

Турција ги подобри односите со своите западни сојузници од почетокот на конфликтот во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа