Песков: Нема шанси Путин да заврши на суд

Од:

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков даде големо интервју за „Скај њуз“. За време на интервјуто, тој негираше дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, на што новинарот Марк Остин го праша дали Русија ќе соработува со истрагата на Меѓународниот кривичен суд за воените злосторства во Украина.

Песков одговори дека Русија не го поддржува и не го признава Меѓународниот кривичен суд, додавајќи дека „Русија не е единствената земја во светот што го прави тоа“.

„Ние сме заинтересирани за навистина независна и објективна истрага за сите злосторства“, рече Песков, додавајќи дека Русија „сака да знае каков ќе биде форматот на таква истрага бидејќи имаме горчливо искуство со меѓународните истраги“.

Новинарот потоа го прашал дали Владимир Путин е загрижен дека може да заврши на суд.

„Не, не е. Не гледаме никакви шанси тоа да се случи“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина