Полициски час во регионот на Буча за да се спроведува деминирање и да се спречат грабежи

Од:

Вадим Денисенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, соопшти дека во областа околу Буча северозападно од Киев е прогласен полициски час за да се спречат грабежи. Истовремено тој посочи дека голем проблем во областа претставуваат мините и неексплодираните убојни средства оставени по заминувањето на руските трупи.

„Во голем број населени места во областа Буча е воведен седумдневен полициски час, од две причини. Првата е деминирање, а втората да се спречат грабежи бидејќи во реонот се појавуваат ограбувачи. Полицијата сама нема да може да се справи, затоа работиме овде со Територијалната одбрана, локалните власти и локалното население што остана во овие области.“, рече Денисенско.

Според официјално соопштение на воениот гувернер на регионот Киев, прогласен е строг полициски час во Хостомел во близина на Буча, што ќе трае се до 6 часот наутро на 14 април.

Инаку, Денисенко уште посочи украинските власти влада се исправени пред обемна и тешка задача да собираат и деактивирааат мини и неексплодирани убојни средства.

„Само во регионот на Киев вчера биле деминирани повеќе од 1.500 експлозивни направи. Тоа е само во регионот на Киев. А ние зборуваме за регионот Киев, регионот Чернихив, регионот Суми – сите територии што успеавме да ги ослободиме“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп