Трипуновски: Николовски го интересира бизнис, а не снабдување на државата со пченица и брашно

Од:

Владата се однесува неодговорно, и ги остава цените на брашното и лебот да растат. Народот од ден во ден плаќа поскап леб. Цената на брашното изминатат година е зголемена за 40%, а на лебот и до 110%. Затоа уште еднаш ја повикуваме владата, доколку навистина стоковите резерви со пченица се полни, веднаш да интервенира на пазарот, за да се намалат цените на брашното и лебот рече на прес конференција претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

– Доколку не интервенира на пазарот отворено се сомневаме дека државата е оставена без доволно стокови резерви во ек на криза, и за тоа некој треба да понесе одговорност. Дополнителен сомнеж внесува објавата на социјалните мрежи на Љупчо Николовски, кој вели дека договорил увоз на пченица од Бугарија, по што веднаш уследи реакција од комората на мелничарите и трговците, од каде изјавија дека нашите компании немаат договорено пченица со Бугарија, туку со добавувачи од Србија, па изразија сомнеж за кого Николовски ја договара оваа пченица? Ако мелничарите и трговците немаат договори за увоз на пченица од Бугарија, за кого тогаш Николовски договара увоз, дали всушност се работи за полнење на државните резерви, што се исклучува како можност, бидејќи владата тврди дека резервите се полни, или пак се работи за договарање на увоз за фирми блиски до власта, кои треба да извршат реекспорт на истата пченицата, а некој од тоа дебело да профитира рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски