Протест на вработените во јавната и судската администрација

Од:

Основниот кривичен суд Скопје, ја информира јавноста дека судот целосно го почитува уставно загарнтираното право на протест на судските службеници кои денеска излегоа на предупредувачки – двочасовен штрајк пред зградата на Кривичниот суд.

„За време на штрајкот, приемното одделени, шалтерите за прием на барања за Потврди и Уверенија и судските писарници фукционираат со дежурни службеници, целосно фукционира одделот за претхoдна постака и се одржуваа сите притворски и итни предмети се со цел доследно почитување на правата на странките во постпката и граѓаните кои имаат било какви побарувања и достави до судот“, велат од Кривичниот суд.

За сите расправи од предмети кои не се итни и не се притворски – странките, кои претходно не беа известени за нови термини, ќе продолжат со расправите по 12:00 часот или ќе се насорчат други термини за главна расправа.

Пред зградите се излезени и вработените од Обвинителството.

Од Синдикатот на УПОЗ во кој членуваат работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, претходно неделава истакнаа дека 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18.000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки. Од синдикатот бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите вработени – односно повисоки плати за 2.806 денари.

Оттука велат дека само вработените во управата и правосудството земаат плата под минималната, што го зголемува незадоволство. Најавија дека протестот ќе трае сè додека надлежните не ги повикаат на преговори со цел да се договорот за исплата на минималецот и усогласување и на останатите плати со него.

Двочасовен протест ќе има и утре.

Би можело да ве интересира

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Израел: Судот нареди -веднаш престанете

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ