Покрај учеството на најголемите домашни издавачки куќи, на овогодинешното издание на Саемот на книга ќе има учесници и од регионот: Србија, Косово, Албанија.
Значајно претставување оваа година ќе има и Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар “Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со промоции и гостување на автори и уметници од оваа земја.
Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во СРЦ “Борис Трајковски”.