Украина им порача на жителите во источните региони на земјата да се евакуираат „сега“ или „да ризикуваат смрт“ поради опасноста од руски напад.
– Гувернерите на областите Харков, Луганск и Доњецк го повикуваат населението да ги напушти овие територии и прават се што е можно за да се изврши евакуација на организиран начин, напиша вицепремиерката Ирина Верешчук на социјалната мрежа Телеграм.
Извор: МИА