РИК: Одложени конечните резултати поради повторување на гласањето

Од:

Републичката изборна комисија (РИК) соопшти дека роковите за објавување на конечните изборни резултати во Србија се одложени поради повторено гласање, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението од РИК се наведува дека согласно Законот за избор на пратеници, локалните изборни комисии имаат рок од 96 часа од затворањето на избирачките места да ги утврдат збирните извештаи за резултатите од гласањето, а рокот истекува во четврток во 20 часот.

– Но, во истиот закон е предвидено рокот да се пролонгира и кај локалните изборни комисии на чија територија се повторува гласањето на избирачко место, а во тој случај рокот од 96 часа се пресметува од затворањето на избирачкото место каде гласањето се повторува, објаснуваат од РИК.

Имајќи предвид дека на веб-презентацијата на РИК е објавена одлуката со која беше поништено гласањето на одредени избирачки места, тоа го одложува утврдувањето на резултатите од гласањето во тие единици на локалната самоуправа.

Поради тоа, рокот во кој РИК е должна да ги објави вкупните изборни резултати се одложува.

– Имајќи предвид дека гласањето ќе се повтори на одреден број избирачки места, за што ќе одлучува Републичката изборна комисија согласно законот, во овој момент не може да се утврди времето кога ќе бидат утврдени и објавени вкупните изборни резултати, како за народните пратеници, така и за претседателот на Републиката, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор