Десет нови охридски плажи поставија спасители на вода

Од:

Десет нови охридски плажи поставија спасители на вода. Ова доаѓа по интервенција и препораките на Црвениот крст дека е неопходно поставување на спасители доколку сакаат повеќе туристи на нивните плажи.

„По нашиот апел поголемиот дел од концесионете да ги отворат плажите и да ангажираат професионални спасители нови десет плажи ангажираа спасители и веќе забележавме два инциденти на тие плажи. Се забележуваат и бројни инциденти во однос на пружање медицинска помош, на лица кои се здобиле со повреди при скок и нагла промена на темепература“, велат од Црвен крст Охрид.

Инаку со цел поголема безбедност на капачите, деновиве на потегот од плажите Кубалибре, Кадмо, Бела Виста и на плажите кај Лагадин и Славија направени се т.н. капалишни појаси или заградени зони со можност за влез на пловните објекти исклучиво само на мостовите и на специјално обележани водени површини.

Со тоа опасноста од скутерите и другите пловфни објекти е значително намалена

„Во Струга од 9 плажи само 4 имаат спасувачи, помеѓу кои и плажите пред некои од хотелите“, вели Никола Кутаноски, спасител од Струга.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски