Комисијата за заразни болести на денешната прес-конфернеција информираше дека на редовниот состанок заклучиле дека моменталните услови овозможуваат намалување на рестриктивните мерки и се согласиле да препорачаат укинување на задолжителното носење на маските во затворен простор.
– Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти останува задолжителното носење на маски. Во сите останати затворени простори маските можат да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува, рече претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Втората препорака се однесува на следењето на контактите од потврдени случаи на Ковид-19, односно се укинува епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, додаде Петличковски.
Тој кажа дека Комисијата ја проценува епидемиолошката состојба и планира постепено олабавување на мерките за да не се соочат наеднаш со зголемен ризик.
Во однос на тоа колку траат владините процедури за носење на одлуките, Комисијата не го коменитира дефинитивното носење на одлуките.