Еден загинат во пожар во болница во Солун

Од:

Едно лице го загуби животот во пожарот што, ос засега непознати причини, утрово изби во болницата “Папаниколау” во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција соопшти дека на вториот кат од болницата било пронајдено безживотното тело на едно лице.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, пожарот е во Ковид клиниката, а сериозно се повредени двајца пациенти, додека пак останатите биле евакуирани и пренесени во други делови на болницата. Во гаснењето на пожарот учествуваат 30 пожарникари со 11 возила.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната