СДСМ: Расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на грбот на вработените, во ЈП Лајка со месеци немаат земено плата

Од:

„Во изминатите месеци секојдневно сведочиме на расипништво, неодговорност и лошо управување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со јавните претпријатија. Додека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра на партиски вработувања, вработените во Лајка со месеци немаат земано плата и под знак прашалник е доведено функционирањето на ЈП Лајка“, велат од СДСМ.

„ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во времето на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт, и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди.

За жал, поради недомаќинското работење и расипништвото на Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со стационарот, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја манипулираат јавноста и општинските средства да ги користат за партиски вработувања, треба веднаш да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Лајка и да се обезбедат услови за непречено функционирање на стационарот“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски