Курти поканет официјално да го посети Израел

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти доби покана да го посети Израел, последната од државите во светот кои ја признаа независноста на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Службата за односи со јавност на косовската влада соопшти дека поканата на Курти му ја пренела новоименуваната амбасадорка на Израел во Косово, Тамара Зив, на нивната вчерашна средба, откако таа претходно дента ги предаде акредитивите во косовското Министерство за надворешни работи.

– Честитајќи ѝ за преземањето на должноста, премиерот Курти… се заблагодари за признавањето на Република Косово од страна на Израел. Амбасадорката рече дека е почестена што е прва израелска амбасадорка во Косово и го повика премиерот во официјална посета на Израел. Таа додаде дека, иако не сме имале дипломатски односи, нашите луѓе беа во контакт едни со други, се вели во соопштението на косовската Влада.

По вчерашното предавање на акредитивите на амбасадорката Зив на шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала, беше објавено дека Изрел засега нема да има своја амбасада во Приштина,туку Зив ќе ги врши работите од нејзината канцеларија во Ерусалим.

На 4 септември 2020 година Израел стана последната, 117-та според официјална Приштина, држава во светот која го призна Косово. Признавањето уследи како дел од договорот што Косово и Србија го потпишаа во Белата куќа во Вашингтон, во присуство на тогашниот американски претседател, Доналд Трамп. Приштина и Белград, според договорот, прифатија нивните дипломатски претставништва во Израел да бидат сместени во Ерусалем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски