Американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Сон Ким и неговиот кинески колега Лиу Ксијаоминг вчера во Вашингтон разговараа за начините за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
– Специјалниот претставник Ким и специјалниот претставник Лиу разговараа за начините да се приближиме до нашата заедничка цел за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, како и начините да ја охрабриме КНДР (Демократска Република Кореја) да се вклучи во суштински преговори, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.
Северна Кореја од почетокот на годината лансираше 12 проектили. Последните преговори за денуклеаризација меѓу Вашингтон и Пјонгјанг беа кон крајот на 2019 година.
Извор: МИА